Станбени Објекти
Уредувањето на станбени објекти е нешто кое го работиме секојдневно. Многу семејства ни ја доверуваат задачата да им го направиме семејниот дом топло и пријатно место за живеење преку мебелот од масивно дрво кој го изработуваме.Дрвото и понатаму останува материјал кој плени со природниот изглед и топлината која ја дава.

Канцелариски Објекти
Имајќи во предвид дека голем дел од денот го минуваме на работното место, не е мал бројот на купувачи кој ни ја довериле задачата работното место да им го направиме пријатно катче во кое полесно и поудобно ќе се справуваат со секојдневните предизвици кои им ги носи работното место.
Комерцијални Објекти
Комерцијалните објекти се објектите кои ни овозможуваат најблизок контакт со голем број на корисници и идни купувачи. Големиот број на хотели и ресторани кои ги имаме изведувано се најдобар репрезент на нашата работа а воедно и најголема потврда за квалитетот на производите кои ги изработуваме.