Нашата приказна
Од самото формирање на ДЕСПИНА во 1990 година до денес го држиме истиот правец и истата визија: производство на мебел по мерка од масивно дрво и производство на внатрешни и влезни врати.
Самиот процес на изработката на нашиот мебел и вратите опфаќа подготовка на проект во согласност со желбите и барањата на купувачите, погонско производство и монтажа кај купувачот.
Најчесто користен материјал е масивното дрво: бука, храст, орев и јасен.
Процесот на производство опфаќа внимателно селектирање на дрвната маса која веќе е термички третирана и машинска обработка на нумерички машини со голема прецизност.
Нашата визија и цел и понатаму останува производството на мебел по мерка и врати од масивно дрво кои со својот квалитет и префинетост ќе биде најдобар репрезент на брендот кој го градиме и во кој долгорочно вложуваме.
Ние и понатаму остануваме “ДЕСПИНА” КАВАДАРЦИ, производител на мебел од масивно дрво